Во длабочината на мислите
некогаш е темно и мрачно,
а се појавува и светлина
на крајот од најмрачниот тунел
само ако сакаш да ја видиш.
Во најдлабокиот дел од битието
лежат твоите најискрени мисли
што се претвораат во чувства, емоции
или обични крици што не сакаш
ни да ги испуштиш од страв
дека ќе бидат прегласни.
Во длабочината на мислите
лежат други мисли што ги задушуваат едните,
а потоа трети ги надвикуваат вторите.
Чуден и напати е неразбирлив текот на мислите,
но сè е добро ако им го следиш текот
и препознаваш која мисла од кој извор извира.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.