„Од небо до дно“ е најновата песна на Каролина Гочева

„Од небо до дно“ е најновата песна на Каролина Гочева, македонската музичка ѕвезда за која честопати велам дека е наша, а светска. Песната беше промовирана со музички спот на јутјуб, има брз ритам и е поразлична од последните албуми на кои навикнавме да ја слушаме Каролина. Ритамот е заразен, па уште при првото слушање влегува во уши, народски кажано. Нема сомнеж дека ќе биде еден од хитовите вртени на нашите радиа. Пред три часа на нејзината официјална страница на фејсбук беше напишано следново: „Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано. Во соработка со мојот стар другар и соработник, Robert Bilbilov-

,,Од небо до дно”

Видео – Pirka
Стајлинг – Jovana Zuka
Фризура – Dzesi Kostić
Шминка – Moe Studio Dadar
Фотографија – Aleksandra Kostadinovskа“

„Од небо до дно” – Каролина Гочева

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели