Љубовта
Таа носи модринки
Од нашите празни срца
Од нашите парализирани души
Во беспаќе коските и ги пограбавме
Љубовта
Таа…
И покрај сè нам не ни се лути
Не нè презира
Остава време и простор
Повторно да ја засакаме
И никој не поседува моќ
Нејзе да ја убие
Иако таа поминува низ црни лавиринти
На исмејување, заборав, суета…
Љубовта
Таа е…
Кодот до вечноста
Совршенство
Патот до Бог
Победител на секое зло
Единствена и вечна
Само таа е
Папокот што не води кон секое добро