Прваче

Со оваа прекрасна песничка која сите нас нѐ потсетува на првиот училишен ден, посакуваме многу успеси на првачињата, како и на сите ученици среќен почеток на новата учебна година и успех во истата.

Прваче

Брзај брзај прваче
кон школскиот двор
те чека учителка
со мајчински збор.

Букви, сказни, песнички
на секој нов час
таа ќе ти кажува
со милослив глас.

Брзај брзај прваче
ѕвонче шири глас
децата се собрале
за првиот час.