Рането срце – Коле Неделковски

Коле Неделковски, роден како Никола Крстев Неделков (16 декември 1912 — 2 септември 1941) — истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни. Починал на денешен ден. Во негова чест, споделуваме негова поезија:

Рането срце

От како ноќ се зададе
и пуста темна тамнина
падна врз земнја широка,

ја ми те, Родне, зачекаф,
со тажни очи загледаф
у тоа ваше пенџере.

Та белки ке ми излезеш
бисер си уста д’отвориш
и да ми мило прозбориш,

ели со рака мермерна
ишарет да ми направиш,
рането срце да скротиш,

а ти се, Родне, не мерна,
ни ме со очи погледна,
нити со рака намавна!

И така ноќта измина,
рујна се зора зазори
ф срце ми рана с’отвори.

Низ мене, Родне, заигра
твоето лице калешо
со тиа очи пламени.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели