Ог Мандино, автор на бестселерот „Најголемиот трговец на светот“

Августин Ог Мандино бил американски писател и автор на повеќе книжевни дела од типот на самопомош. Родниот град на Мандино е Нејтик, Масачусетс. Тој бил најстар од трите деца. Автор е на бестселерот „Најголемиот трговец на светот“. Неговите книги се преведени во над 50 милиони примероци и преведени на над 25 јазици. Тој бил Претседател на магазинот „Неограничен успех“.

Животопис

Мандино е роден на 12 декември 1923 година во Италија. Починал на 3 септември 1996 г. Според американскиот попис во 1930 година, го добил своето име по дедо му од таткова страна. Мандино бил уредник на средношколски весник и планирал да се запише новинарска школа на Универзитетот во Мисури. Но, летото 1940 година, пред да се запише на колеџот, мајка му, додека му подготвувала ручек во кујната, починала ненадејно од срцев удар. По инцидентот, Мандино се одлучил да се вработи во фабрика за хартија сè до 1942 година.

Мандино се приклучил на воздушниот корпус на американската армија, каде што станал воен офицер и бомбардер. Тој учествувал на триесет мисии над Германија со Б-24 Ослободител за време на Втора светска војна. Во овој период имал прилика да лета со Џејмс Стјуарт, негов копилот и филмска ѕвезда, чија фотографија ја чувал обесена на ѕидот од својата домашна канцеларија, каде што Мандино ги пишувал своите книги.

По завршувањето на воените должности, Мандино открил дека многу копмании не вработуваат поранешни бомбардери и затоа станал продавач за осигурување. Поминувајќи време во патување и по ноќни барови, Мандино станал алкохоличар и не можел да задржи ниту една работа. Како резултат на тоа, сопругата на Мандино заедно со нивниот единствен син го напуштиле.Едно зимско ноемвриско утро во Кливленд, Мандино бил на работ да изврши самоубиство. Меѓутоа пребарувајќи низ книгите во библиотека, неколку книги на тема опоравување на личноста,успех и мотивација му го задржале вниманието.

Тој селектирал неколку наслови и започнал да ги чита. Мандино посетувал многу библиотеки низ цела Америка. Да го ублажи алкохолизмот, Мандино читал многу книги на тема успех. Сето тоа го правел во библиотека во Конкорд. Мандино станал успешен писател. Неговите дела биле инспирирани од Библијата и под влијание на Наполеон Хил, В.Климент Стоун и Фокс.

Филозофијата на Мандино

Мандино е автор на бестселерот „Најголемиот трговец на светот“ којшто ја содржи „непобитната древна мудрост собрана во десет записи“ којашто ако се следи според пропишаните десет месеци, како што вели Ог, „ќе го преточи во другиот ми ум, мистериозниот извор што не знае за сон, што ми ги создава соништата и честопати ме прави да дејствувам на начин што ни самиот не го разбирам. Како што другиот ми ум ги впива зборовите од овие записи, така јас почнувам да се будам, секое утро, со досега неспознаена живост. Жестината ќе ми се усили, ентузијазмот зголеми, желбата ќе го надвладее стравот што го чувствував на изгрејсонце, и ќе сум среќен како што никогаш не верував дека е можно да се биде во овој свет полн со напрегања и тага.“

Секој запис содржи упатство за како да се надминат лошите животни навики што „ се закануваат да ми ја зграпчат иднината“ преку добри навики кои би можеле да се развијат со десет месечно учење на записите. Секој запис го менува животот.

Записите со упатства

Запис 1 – Денес започнувам нов живот.

Запис 2 – Ќе го поздравам денов со љубов во срцето.

Запис 3 – Ќе бидам упорен сè додека не успеам.

Запис 4 – Јас сум најголемо чудо на природата.

Запис 5 – Ќе го живеам денов како да ми е последен.

Запис 6 – Денес ќе бидам господар на своите емоции.

Запис 7 – Ќе му се потсмевам на светот

Запис 8 – Денес ќе ја умножам мојата вредност 100 пати.

Запис 9 – Сега ќе дејствувам, сега ќе дејствувам, сега ќе дејствувам.

Запис 10 – Ќе се молам за да бидам упатен.

Главната филозофска порака на Мандино е дека секој човек на земјата е едно чудо и треба самиот самоуверено да го води својот живот во склад со законите што го управуваат изобилството. Тој запишал во Запис 1 „Јас нема да потфрлам како останатите, зашто во рацете ги имам десетте записи што ќе ме водат низ опасни води до бреговите кои вчера беа само сон.“ Ог го истакнува дејстувањето што се гледа од Запис 9, каде „сега ќе дејствувам“ е напишано осумнаесет пати. Тој осознал дека сите успешни луѓе свесно ги избираат посакуваните патишта и начинот на кој да стигнат до нив.

Мандиновите филозофски пораки се испреплетени со христијански призвук, тие охрабруваат да се градат добри навики, да се живее во склад со законите на изобилство, да се пронајде живост и радост во животот. Ова е можно е доколку сами го управуваме бродот по животните води кон мирно засолниште, наместо чекајќи некој друг тоа да го стоrи за нас.

Мандино се оженил со неговата втора сопруга Бет на 9 декември 1957. Има напишано вкупно 19 книги, од кои 16 сè уште се печатат. Тој се пензионирал на 52 годишна возраст.

Книги кои Мандино ги напишал:

– САД во лушпа од орев

– Кругови

– Најголемиот трговец на светот

– Најголемата тајна на светот

– Најголемото чудо на светот

– Подарокот на Акабар( со Бади Кеј)

– Изборот

– Мисија: Успех!

– Божествениот меморандум

– Најголемиот трговец на светот 2: крај на приказната

– Тој е силен

– Универзитет на успехот( компилација од повеќе книги)

– Како да се живее подобро

– Дванаесеттиот ангел

– Најголемата мистерија на светот

– Тајни на среќата и успехот

– Најголемиот успех на светот

Прочитајте и Книги од Ог Мандино кои секој треба да ги прочита.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели