Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумски семафор ” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за оној кој ги поседува сите бои и со нив го регулира сообраќајот во шумата. Кој е тој и како тоа го прави, прочитајте подолу.
Во шума лази, не стои,
семафор во разни бои.
Наоколу болскоти зелено…
Тој, иста боја – проверено!
Зад него, растура боја лила,
и тој лила, му била многу мила.
Цвет, сиот жолта сеанса,
овој, бргубргу – иста нијанса.
Чуден некој бонтон,
за секој реон – нов креон,
Шарен лазач и лажач,
сонливиот камелеон.
Еве што изјави он:
“Што да правам?
Со тоа се бавам,
ново руво ставам.
Секоја боја
е како…моја?”
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.