Skip to content

Ураган

Чекориш со стапала на Киклоп и еднооки луѓе шетаат по твоите мочуришта

Бараат огнена кочија да се вивнат во  идејата за небесен сончев свет

Никогаш не го сонувале раздорот на силните стапки на синовите на Посејдон

Изгубиле смер, насока и правец , со вртлог живеат во мислите и прстите им се жилави како коприна.

Небесен немир.

Зевсови громови пискаат под нозете на бегалците

Покажуваат со прст кон  Посејдона, да ги забие своите запци во грешниците

Од страшните маки да ги спаси, лута е небесата викаат сите

Ќе ни скастри душите, ќе ги скастри дните.

Синило бело со пена се впива во конците на Парките

Се смееат , ги сечат со еден потег од зениците на шарките

Грешници!

Вивнете се на Олимп или долу во Адот

Ураганот носи смрт, дете е на врагот.

Напишете коментар