Skip to content

Песна на денот: „И сиот Балкан е тоа…“ од Славко Јаневски

Денес ги споделуваме стиховите од поемата „И сиот Балкан е тоа…“ на македонскиот поет, раскажувач, романописец, филмски сценарист, есеист и сликар, Славко Јаневски. Песната е кратка, посветена на Балканот и народот во него; исполнета со симболизам, метафори и поетски слики низ кои се провлекуваат и делови од митологија кои му оставаат простор на самата имагинацијата да ги протолкува. Уживајте во читањето.

И сиот Балкан е тоа
асуанска шифра и – ништо.
И сиот Балкан е пустош
и страв и мрачева и – ништо.
И паѓам од камен на камен
од пол до пол и – ништо.
Маглата ми е знаме.

Па слегнете еднаш во мојата крчма
меѓу волшебни никаквеци
со по две срца под голите обрачи,
слегнете, потсмешливи богови.
Ако не дојдете, ќе си се поиграме
слични на ноемвриски елени
со сточапарести рогови.

Всушност
решително молам од молните пламено млеко.
Дајте ми вселенски билет,
ќе ја побарам и в пекол.

Напишете коментар