Денес ги споделуваме стиховите од песната „Улавштини“ од македонскиот книжевен, културен и јавен работник, професор, академик, филолог и јазичар, книжевен историчар, преведувач, прозаист, есеист и поет, Блаже Конески. Песната, иако е мошне кратка, преку нејзините седум реда носи една силна порака за животот, каењето и улавштините во него. Каква е и која е таа моќна порака на Конески, Прочитајте подолу.
Немој да се каеш
за улавштините,
само преку нив животот се открива
само преку нив допираме
до убавините,
што инаку разумот
со сивило ги покрива.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.