Skip to content

10 цитати за октомври – Најпоетичниот месец од сите нив

Ни пристигна и октомври – најпоетичниот месец од сите нив. Месецот на варена тиква и печени костени, месецот исполнет со фантастични филмови од деведесетите и еуфорија за Ноќта на вештерките. Во чест на сево ова, денес ви приготвивме десет цитати посветени токму на октомври и неговата поетичност. Уживајте во читањето.

1. „Крајот на летото не е крај на светот. Да наздравиме за октомври“. – А. А. Милн

2. …работата со октомври, според мене, е тоа што ти навлегува во крвта. Без пардон, скоро безмилосно“. – Ан Секстон, „Автопортрет во писма“

3. Октомври отсекогаш беше најнесигурниот од сите месеци…полн со духови и сенки“. – Џој Филдинг

4. Сум бил помлад во октомври отколку во сите останати летни месеци“. – В.С. Мервин

5. Ќе се ослободам – ќе седам на тротоари и ќе пијам кафе – ќе сонувам; ќе си го извадам умот од неговиот железен кафез и ќе го пуштам да плива – овој убав октомври“. – Вирџинија Вулф

6. Не се троши октомвриската сончева светлина. Наскоро старото есенско сонце ќе легне во облачни ќебиња и ќе има недели сив дожд пред конечно да одлучи да падне снег“. – Катрин Арден, „Мали места“

7. „Иако сум родена во април, сосема сум сигурна дека не сум целосно будна сѐ до октомври“. – Пеги Т. Хротон

8. „Како што изгледа светлината во крушите, во октомври, е сто солзи злато, целиот овоштарник плаче“. – Карол Масо, „Љубителот на уметност“

9. „Таму, меѓу завесите беше октомвриската ноќ, мирна и прекрасна, со ѕвезда или две фатени во пожолтените дрвја“. – Вирџинија Вулф, „Сопствена Соба“

10. „Посакувам секој ден да е сабота и секој месец октомври“. – Шармеин Џ. Форд

Прочитајте и „10 цитати од 10 писатели и поети за достоен дочек на есента“.

Напишете коментар