Skip to content

10 цитати од 10 писатели и поети за достоен дочек на есента

Пред два дена официјално ни пристигна есента, едно од најубавите годишни времиња. Тоа значи дека е време за варење чај и печење колачиња, време во кое од плакарот се вадат топлите есенски алишта, време за книга или филм под топла прекривка и секако, време за читање на прекрасни цитати посветени на сета есенска убавина.

Прочитајте ги во продолжение дел од цитатите кои ги избравме за денеска

1. „Зарем ова не е вистински есенски ден? Само мирната меланхолија што ја сакам – што ги прави животот и природата да се усогласат. Птиците се советуваат за нивните преселби, дрвјата ги облекуваат бурните или бледите нијанси на распаѓање и почнуваат да го натрупуваат тлото за да не можат нечиите чекори да го нарушат мирот на земјата и воздухот, притоа давајќи ни мирис кој е совршен мелем за немирниот дух. Превкусна есен! Целата моја душа е венчана со неа и да бев птица ќе летав по земјата барајќи ги сите есени по неа “. – Џорџ Елиот, „Писмо до Г-ца Луис“

2. „Животот започнува одново кога воздухот наесен ќе заостри“. – Л. М. Монтгамери, „Ана од Зелените Покриви“

3. „Есента е помекото годишно време и она што го губиме со цветовите, дупло го добиваме со плодовите“. – Семјуел Батлер

4. „Ја впивав околината; воздухот толку остар што можеше со прстите да се искрши и зеленило во секоја бујна нијанса што може да се замисли, избалансирано со есенски блесоци на црвено и жолто“. – Венди Делсол, „Штрк“

5. „Нешто има исконско есенско што во крвта ми врие,
малку во изгледот, навест на расположение,
и како рима ми е срцето,
Со жолтото и црвеното и виолетовото го брои времето“. – Блис Карман

6. „Сега есенскиот оган полека се разгорува низ шумите и ден по ден остава мртвите лисја да паѓаат и да се топат.“ – Вилијам Алингам

7. „Сите месеци се сурови експерименти од кои совршениот септември се состои“. – Вирџинија Вулф

8. „Ја видов старата есен во магливото утро стоејќи како тишина без сенка, слушајќи ја тишината“. – Томас Худ

9. „И есента тивко му шепнува на ветрот: Точно е, кај мене сѐ паѓа. Но, секогаш најубаво сјае…“ – Енџи Вејланд Крозби

10. Есен…последната, најубава насмевка на годината“. – Џон Хауард Брајант, „Индијско лето“

Прочитајте и „Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен.“ – Честит денот на писменоста

Напишете коментар