„Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен.“ – Честит денот на писменоста

Денес се слави денот на писменоста и образованието. Образованието ни помага да бидеме изложени на нови идеи и концепти кои можеме да ги искористиме за да го цениме и подобриме светот околу нас и нашиот внатрешен свет. Образованието е алатка која ги урива сите бариери. Образованието е дел од темелот на секој напредок и раст,  како на поединеци така и на општества. Сите работи се можни затоа што се може да се научи. Затоа, еве неколку моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја цените моќта на учењето и стекнувањето на ново знаење.

Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен.“ – Томас Пејн

Држава која не ги образува и подучува жените е иста како маж кој ја вежба само десната рака.“ – Јустен Гордер

Знаењето ќе ви даде можност да направите промена.“ – Клер Фагин

 „Корените на образованието се горчливи, но плодот е сладок.– Аристотел

Убавата страна на учењето е тоа што никој не може да ви го одземе.“ – Б. Б. Кинг

 „Образованието е она што останува откако некој ќе заборави што научил на училиште.– Алберт Ајнштајн

Образованието не е подготовка за живот; образованието е самиот живот“. – Џон Дјуи

Девет десетини од образованието е охрабрување“. – Анатол Франс

Тогаш кога ќе научите да читате, ќе бидете слободни засекогаш.“ – Фредерик Даглас

Образованието е способност да слушате речиси сè без да ги изгубите нервите или самодовербата“. – Роберт Фрост

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели