Песна на денот: „Зависта кон сонувачите“ од Влада Урошевиќ

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Зависта кон сонувачите“ на македонскиот поет, Влада Урошевиќ. Песната се состои од три строфи низ кои е опишана зависта која останатите луѓе ја чувствуваат кон сонувачите. Како и во останатите песни, така и во оваа е присутен оној надреалистичен стил на Урошевиќ преку кој неговите дела лесно можат да се препознаат. А, што прават сонувачите и зошто се мета на завидливи дела и погледи, прочитајте подолу.

Ги оставаат своите блиски.
Немаат никаква милост.
Летаат над покривите ниски
со рацете под тилот.

Им завидуваат другите.
Ги враќаат сосила.
Ги напаѓаат дури и пеперугите
со светкавите осила.

Милиционери ги будат.
Ги влечат сите за ракав.
Им завидуваат и им се чудат
зашто сонуваат туку-така.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели