Можевме да трчаме по прашливи патеки
и после да се смееме искачени до ѕвездите.
Можевме да плачеме на патишта што водат во бескрај
и после да се сеќаваме на кој пат каква солза сме пуштиле.
Можевме од тешкотиите заедно да се издигниме,
но ти одбра тешкотијата да не ја поделиш со мене
и тука патиштата ни се разделија,
ќе се сретнеме некогаш некаде над ѕвездите
каде тешкотиите и несигурностите
нема да ни се испречат пред патот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.