Skip to content

Песна на денот: „На 11 Октомври“ од Македонка Јанчевска

По повод Денот на народното востание против фашизмот и почетокот на ослободувањето на македонскиот народ, денес ги читаме стиховите на поетесата Македонка Јанчевска од поемата насловена „На 11 Октомври“. Нека ни е честит и вечен празникот!

Радуј се, земјо родна,
запеј, Вардаре драг.
Расцветај ѕвездено небо
над мојот татков праг.
Денес празник слави
народот најмил мој.
Денов пред многу лета
во крвав пошол бој.
Пукнале првите пушки,
запеал куршумот врел.
Во борба крвава тргнал
мојот народ смел.

Напишете коментар