Дали оваа приказна е точна или не, никој со сигурност не може да каже. Факт е дека истата Кафка го следи веќе долго време, а прераскажувана е и од негови пријатели долго по неговата смрт. Приказната постои во неколку верзии, сите од нив во детал или два различни, но тематиката во глобала е иста. Кафка пружа утеха таму и тогаш кога е најпотребна. Па, вистинита или не, прочитајте ја подолу оваа топла приказна за Кафка, куклата и малото девојче и сами одлучете.
Кафка и куклата
На 40 години, Кафка, кој никогаш не се ожени и немаше деца, се шеташе во парк во Берлин каде сретна едно девојче кое неутешно плачеше бидејќи ја имаше изгубено куклата.
Кафка се понуди да помогне во потрагата по куклата. И двајцата бараа, но неуспешно. Кафка тофаш ѝ рече да се најдат на истото место, наредниот ден, за повторно да ја бараат. Кога девојчето замина, Кафка продолжи сам да бара, а кога не успеа да ја најде куклата, тој напиша писмо, го потпиша со името на куклата и наредниот ден кога се сретнаа, Кафка му го прочита писмото.
„Те молам, немој да плачеш за мене. Тргнав на пат да го видам светот. Ќе ти пишувам за моите авантури.“ Тоа беше прво од многуте писма. Во текот на нивните состаноци, Кафка ги читаше овие грижливо составени писма полни со имагинарните авантури на саканата кукла, а девојчето конечно беше утешено.
На крај, Кафка му донесе на девојчето една кукла што ја беше купил во замена за изгубената. Куклата воопшто не личеше на старата, а закаченото писмо на неа го имаше објаснувањето: „Моите патувања ме променија…“
Многу години подоцна, кога девојчето порасна, најде уште едно – последно писмо ставено во еден незабележителен отвор во куклата. На писмото потпишано од Кафка, накратко пишуваше: „Сѐ што сакаш еден ден ќе се изгуби, но на крајот љубовта ќе се врати во некоја си друга форма.“
Прочитајте и „10 цитати од Франц Кафка кои секој мора да ги прочита“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.