Поезија за деца: „Шумски чадорчиња“ од Васил Пујовски
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната со наслов „Шумски чадорчиња“ од македонскиот драмски писател, поет за деца и возрасни, Васил Пујовски. Песната е малечка, составена од само три строфи, лесна и интересна. Во неа поетот ги опишува шумските чадорчиња, а какви се тие и кој со нив се служи, прочитајте подолу.
Шумата е преполна со чадорчиња
 под нив во невреме
 штурчињата се кријат.
Шумата е преполна со чадорчиња
 под нив бубалките
 здивнуваат,
 спијат.
Шумата е преполна со чадорчиња:
 печурки секакви,
 разни,
 во дождот под нив скриени
 мравките слушаат
 дождовни сказни.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.

