Skip to content

Песна на денот: „Ти не си секогаш таков“ од Ацо Шопов

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Ти не си секогаш таков“ на македонскиот писател и поет, Ацо Шопов. Песната е долга четири строфи и е исклучително емотивна, ритмична и естетична. Низ мајсторски скроените стихови, поетот директно му се обраќа на неговиот пријател, а што тој му порачува, прочитајте подолу. Покрај читањето, тука имате и можност да слушнете како звучи песната и кога е рецитирана. Уживајте.

Пријателе, знам, ти не си секогаш таков,
и не се такви сите твои есени.
Тажно е да зборуваш осамен во мракот
за своите радости однесени.

Тажно е да копнееш за една средба само
кога ти е животот бескрајно патување,
галеби да носиш на своето рамо
a да не гo чуеш нивното милување.

Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците,
да чекаш сo нив сам в некоја пуста станица,
и додека некој се лула низ улиците
да мислиш дека ти си, ти си тоj пијаница.

Пријателе, знам, не е секогаш така
и не се такви сите твои есени.
Понекогаш ја топлат твојата рака
стиховите од ветерот донесени.

Напишете коментар