Skip to content

Црногорската земја – Маја Малиновска

Родена од феникиски принц и прекрасна хармонија

Во тебе се слеале Ловќен и Дурмитор во морска симфонија

Његош  Горски венец плете од гороцвет цветен

Силна кошава низ приморје дува со залет полетен.

Твојтегусти  горје ги чува Езеро Скадарско

Нежен е напливот на плимата од море Јадранско

Свети Трифун е твој бедем рамен на Которска Бота

Крајбрежјето твое плени со Божја даровита  красота.

Будва, Улцињ, Херцег Нови поврзани со морска сила

Камени тврдини се од исклесана рака дива

Длабочината на Тара како солза ја прекрива твојата ниска Зета

Восхитува секого твојата убавина сета.

Напишете коментар