Р’ жи ппламен , р’ жи скокот , ревносен е твојот поток
Искри пливат од твојта грива, сјае нежно покривката ти сива
Никој не може да ја скроти твојта става дива
Раздение, сонце во очи, замаглив поглед, бистрина што точи
Кој ли само може на Шарец да му стапне на нозе?
Силен делија со самовили што оро води
Такви е силината твоја, нови јунаци ќе роди
Си оставил трага на секој македонски камен
Нема таков коњ кој на тебе е рамен.
Го чекаш да дојде Крале Марко со боздоган тежок
Тој боздогалија славен со удар жежок
Во меани ладни и студени вирој напој да најдеш
Непријатели лути со поглед да сопнеш.
Сенката твоја над нашите гори нѐ следи
Го следиме патот твој кон победа да нѐ изведи.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.