Skip to content

Бои пастелни

Да имав доволно пари, ќе купев пастелни бои
заедно да го ишараме денот и светот
ќе нацртавме насмевки и аури весели
ќе ги обоевме разнобојно
од џиш до пурпур, канари до далија
од југ до север, исток до запад
реките нека бидат жолти
дрвјана раскошни со крошни пурпурни
Зелено нека биде сонцено
а воздухот син, синовно ишаран да биде
на оние со срца црни ќе додадеме нијанса бела
да почувствуваат чистина и тие, сетне
да имав доволно пари, ќе ги вратевме дрвјата исечени
наместо бетон, земја и трева нека има
биљето да вирее од земја низ душиве до универзумот
кој исто така ќе го ишараме, нека живне и тој, темниот
Да имав доволно пари, ќе ви ја купев тагата, несреќата и омразата
зависта, злобата, урокливоста и лутината
па заедно да ги затвориме навек зад тешки шимшир капии
капии нека им бидат оловни
Да имав доволно пари, ќе насадевме рани горски јагодки
крај автопатине, нека се расцрвенат и тие безбојните
ќе нацртавме и пеперутки со боите пастелни на капаците од пенџерињата
за да децата се радуваат со џагор силен но милозвучен
еххххх да само разберете дека сето ова може и без пари
па со ашик да го завршиме денот и без паре дадено
пастелите да ни се потрошат и нови да бараме
одново и одново при секој утрина

Напишете коментар