Почнувам да заборавам колку ми значиш
Во срцево си дамка која капи,
Црни мастила се слеваат низ крвоток од бисерни перли
Хартија ми треба да запишам поетски желби.
Те сакав, те љубам, но не знам дали уште ќе се трудам
Од заборав да те пазам во утрата кога се будам,
Црни мастила во кафето утринско се леат
Мислите за тебе веќе срцево не го греат.
Пробај да ме погледнеш кога денот се буди
Избегај од мракот во кој толку ти студи
Ќе ме најдеш во солзите кои ги лијам
Утринските кафиња кога ги пијам .
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.