Тивката музика на твојата гитара,
одѕвонува во моите сетила од длабочините
на морските води,
носена извајана како млада стабло на врба,
тажна со испружени раце кон плавото небо,
покриено како кадифе меко,
нежно над мојата душа во долго
некое чекање на милувкa нежна …
Време за чекање
сонувајќи во една насока со визија,
само ветрот во тишината на синото море,
шушкањето на школките ме носи во далечна фантазија
и мирно сонување под синото небо
и солените удари на морските бранови.