Skip to content

Утре е нов ден – Благица Гаврилоска

  • by

Ако треба исплачи река,
а потоа изгради мост,
и премини преку него,
Па ќе си речеш: утре е нов ден.

Ако мора препливај и мориња,
или и океани
иако си со задните свои сили
сепак, но сепак препливај ги..
и повтори во себе ” утре е нов ден”

Ако е потребно стисни усни и заби
да не кажат оти боли,
и изоди го и трнливиот пат,
исчисти ја крвта од своите рани
и повторно кажи во себе:
“Утре е нов ден”

И иако секој утрешен ден,,
еднаков е на секој вчерашен ден.
Ако треба излажи се со убава желба
Не давај надежта да згасне.
Утре е нов ден.

25.04.2018

Напишете коментар