Skip to content

Птиците сѐ уште не се преселиле на југ

Птиците сѐ уште не се преселиле на југ.

Можеби и ние никогаш не сме пристигнале на север.

Можеби јас создадена на запад живеам на исток

родена во центарот  на една брдеста земја

каде птиците  преселници не се качуваат на високите

студени брда

не пијат од студени брзаци

и свиваат гнезда во зградите од темен бетон

но, секогаш се враќаат онаму

каде го добиле

првиот мајчински бакнеж.

Ох, како птица преселница

растргната на сите страни на светот,

но секогаш во центарот на брдата

заспана во сивиот бетон

го барам бакнежот

добиен при

првиот бебешки плач,

за да се свијам во прегратките на минатото.

Напишете коментар