Во времето кога ти не беше тука
нивната растроеност и осаменост
се спојуваа во еден мрачен дом
на уништените среќни восочни фигури,
нивната безвременска триологија,
а можеби некогаш и многулогија,
бидејќи се бесконечни,
не им ја баш разбирав,
оти беа заедно секогаш,
паѓаа посебно, а сепак,
се соединуваа како да се нешто
вечно и неминливо…
А ние?
Ние паѓавме заедно,
тоневме и се топевме
како нашата оддалеченост да брои
бесконечен број на километри.
Тоа е блискоста на снегулките,
да не се свесни, а заедно да се топат во моите дланки
додека силно и непрестано ги држам во рака,
рака која е црвена од мрзливиот жар
на нивната моментална истрајност
и вечна инаетлива убавина