Skip to content

Езоп за деца: „Малото Ракче и мајка му“ – Поучна басна

На една плажа, крај синиот океан се шетаа малото Ракче и неговата мајка. Ракчето, љубопитно и среќно затоа што денот беше убав, одеше малку понапред додека мајка му го гледаше. Така трчкајќи, те на оваа, те на онаа страна, малото Ракче наеднаш застана кога го чу гласот на мајка си.

„Зошто одиш така настрана?“ го праша. „Секогаш треба да одиш право, со прстите исправени.“ продолжи таа.
„Покажи ми тогаш како треба да одам, мамо,“ послушно одговори малото Ракче, „сакам да научам.“

Мајката тогаш се обиде да оди онака како што сакаше тоа синот да го направи, но и таа како него можеше да оди само настрана (затоа што во реалноста раковите се движат само настрана), а кога проба да ги сврти прстите на нозете, се сопна и падна.

Поука: Не кажувајте им на другите како треба да постапуваат и да се однесуваат освен ако не можете да поставите добар пример за тоа.

Прочитајте и „Езоп за деца: „Мравката и Гулабот“ – Поучна басна“.

Напишете коментар