Skip to content

Песна на денот: „Магдалена“ од Анте Поповски

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Магдалена“ на македонскиот поет, есеист, препејувач, публицист и политичар, Анте Поповски. Песната е составена од четири строфи низ кои изобилува меланхолија, носталгија, еден вид на копнеж по младоста и детството и емоции, кои можеби се проткаени во сеќавањето на Магдалена. Која би можела да е Магдалена и зошто е песната посветена на неа, иако таа се појавува на самиот крај, прочитајте подолу и сами одлучете.

Кога роси и дете кога си игра на улицата
и мајка од некаде кога го довикува
и златна јаболка во дворот кога се ниша

Излезете на молитва
за вечна да биде таа слика
зошто по многу време ќе застанеш под прозорец

И гледаш:

Веќе е есен и детето во тебе го нема
и пред тебе сушата и лисјето венеат
и ниту роси и којзнае каде е Магдалена…

Напишете коментар