Skip to content

Знак – Сузана Божиновска

  • by

Постојат пријатели
и постојат “пријатели”.
Познаваш луѓе
и познаваш “луѓе”.
Имаш роднини
и имаш “роднини”.
Голема фамилија
и голема “фамилија”.
Гледаш хуманитарци
и гледаш “хуманитарци”.
За жал има натажени
и има “натажени”.
Мед и млеко им тече од усните,
ќе си речеш добри луѓе.
Но тие биле само “добри луѓе”.
И сè така…
додека ги пропуштаме
малите знаци во животот,
правиме лоши проценки.
Правиме големи грешки.
Сакаме погрешни луѓе.
Даваме значење
на неважни нешта.
Исто се пишува.
Исто се чита.
Но, само мал знак,
многу мал знак
прави голема разлика.
Колку побргу го забележиш,
толку подобро за тебе.
Значи…
Има добри души
и за жал има “добри души”.
И сè така во недоглед.
Знаците постојат
и треба да се гледаат!

Напишете коментар