Skip to content

Песна на денот: „Ноќта“ од Ацо Шопов

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Ноќта“ на македонскиот писател и поет, Ацо Шопов. Песната е дел од збирката Слеј се со тишината (1955) и е составена од три строфи кои се поделени во два дела. Посветена е на ноќта и делумно нејзината посебна врска со поетите. Каква е ноќта на Шопов, прочитајте подолу.

1.
Co лажна убавина ги обвива предметите
и им дава облик на вистинско збивање.
Ги измамува луѓето… и само сo поетите
има допир силен ко најприсно сливање.

Caл нив им ги отвора широко зениците
топли од сонувања за дни недонесени,
меѓу сите предели ги брише границите…
Затоа поетите гледаат занесени.

2.
Ноќта е заборав, заборавот успивање,
кога сите мисли на праг ги оставаме.
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме,
ко пролетни води твое сум разливање,
a ноќта: пополека сè да забораваме.

Напишете коментар