Skip to content

Неверојатна, но вистинита приказна: Енцо Мајорка и Делфинот

Додека познатиот италијански нуркач Енцо Мајорка и неговите две ќерки, Росана и Патриција нуркале во морето во близина на Сиракуза, Мајорка одеднаш почувствувал како нешто лесно го удира по грбот. Кога се завртел видел делфин, но набргу сфатил дека нешто не е во ред и дека делфинот всушност, не сака да игра, туку бара помош.

Набргу делфинот нурнал, а по него се упатиле и Мајорка и ќерките. Кога стигнале на длабочина од околу петнаесетина метри забележале друг делфин заплеткан во напуштена мрежа. Знаејќи дека делфините под вода можат да преживеат само околу десетина минути, семејството Мајорка веднаш се фатило за работа. Тие со помош на нуркачки нож го ослободиле заробениот делфин, кој (според самиот Мајорка), со последните сили испуштил „речиси човечки крик“.

Кога сите успеале да излезат на површината се испоставило дека заробениот делфин е всушност бремена женка, која по неколку минути искашлување пена и крв, родила мало делфинче.

„Сакам да верувам дека тој ден споивме семејство“ – рече Мајорка во 2011 – та година, потврдувајќи ја оваа приказна, а потоа додаде, „Сѐ додека човекот не научи да го почитува и да му зборува на животинскиот свет, никогаш нема да си ја спознае вистиската улога на Земјата.“

Прочитајте и „Езоп за деца: „Малото Ракче и мајка му“ – Поучна басна“.

Напишете коментар