Skip to content

Само знаеше да ме лажеш – Вукашин Ступар

  • by

Ти верував, се надевав,
сила си давав.
Во срцево те чував,
од заборав се плашев.
Но ме достигна и тој,
никогаш не бев свој…
Тебе ти припаѓав…
За љубовта наша жалев,
тагував и пак продолжував.
Живот пуст, ми остана,
тешка рана, не ми помина.
Иако годините заминаа,
во мене сè остана исто.
Ќе го паметам засекогаш
нашето место.
Онаму каде почна
и заврши сè.
А толку многу имавме
истовремено и немавме
изгубивме…
Не се враќај не лажи ме,
допри ме на душата…
Студенило каде што се свило,
тогаш сè би поминало.
Ех…
А доцна е…времето нè победило.
На мене бреме убило…та секој ден
пополека изронило…а тебе?
Тебе во некои други прегратки
засолнило.