Имавме чест да поразговараме со Симона Николова повторно и на нејзино барање која ни најави еден новитет во разговорот. Прочитајте за да дознаете за што муабетевме со неа овојпат.
Како си Симона, како се чувствуваш?
– Здраво на сите. Пред сè, ти благодарам за ова интервју, Нате. Всушност благодарам за сите интервјуа до сега. Јас сум добро, благодарам. Се чувствувам малку возбудена и во исчекување бидејќи ги очекувам резулатите од ФДА и исто така очекувам дека ќе биде одобрен лекот. Веќе ме знаете и ја знаете мојата здравствена состојба да не одолговлекувам. Се надевам дека новата 2023-та ќе биде моја среќна година. Освен тоа, се надевам ќе успеам да исполнам и друг сон мој. Веќе ми дадоа шанса да се снима филм со мое сценарио, приказна во исчекување која се работи за семеен човек кој е љубител на лов и син на бивши полицаец, кој решава да помине викенд со своето семејсво во нивната викендица надвор од градот и да ја научи својата ќерка на лов која сака да ги следи чекорите на татко ѝ. Се започнува кога на враќање од лов во шумата, и двајцата се сведоци на убиство. Би сакала мојата приказна да ја видам на малите екрани и во кино салите. Тоа е долг и комплициран процес, и нормално треба време да стане реалност. Но ќе чекам, имам трпение. Така да, повеќе од добро сум.
Каков беше одзивот на читателите за објавените книги трилогијата, како ги примија, какви беа критиките за нив?
– Половично хехех. На некои им се допаднаа, на некои не. До душа, истото му се случува на секој автор, а авторите не можат да им угодат на сите читатели. Невозможно е. Така е на пример и со пејачите. Секој не ја сака таа музика. Затоа постојат фанови. Не знам дали се објаснив хехех. Така да, не се жалам. Сепак, триологијата се моите први три книги и како и секој почетник во нешто имам направено грешки. Затоа решив да ги доделувам гратис.
Колку време ти беше потребно за да ги напишеш сите три книги?
– Па првата “Бура од емоции” ја напишав за месец ипол. Брзав за на конкурсот на Амазон како што веќе сите знаете. Кратка приказна, но вредеше за Министертвото за култура тука кај нас на конкурсот. Втората и третата за некои 3 до 4 месеци. За речиси 1 година напишав три книги. Немам други обврски, освен да пишувам и да седам хехех.
Читателите имаа можност да се запознаат со тебе во претходните интервјуа за да не се повторуваме со прашањата, кажи ни која е твојата порака до секој твој читател што не ги прочитал твоите книги?
– Како што кажав триологијата се моите први три книги. Тие се љубовни приказни со малку трилер колку да ги држам во неизвеснот читателите и да продолжат да читаат. Книга 1 и Книга 2 се две различни приказни, а Книга 3 е спојка од двете. Убави и поучни се. Потоа креирав хорор приказна Не влегувај таму. Таа ми е најчитана и најфалена. Мојата следна книга беше моја кратка автобиографија. Во неа ги издвоив моитте важни настани, без разлика дали се добри или лоши дотогаш ми го одбележаа животот. Моите книги 6-тата и 7-мата пак се хорор приказни. Поврзани се и не се баш лесни за разбирање. Прво излезе Возот на смртта, па потоа Гневот. Мојата порака е да не се сомневаат во мојот талент и да не се двоумат да купат мое дело и да го прочитаат. Да веруваат во мене.
Што е следно во план во поглед на твоето творење, што би можеле да очекуваме?
– Наскоро нова, а и моја последна книга со наслов КОЈА СУМ ЈАС?. Во 2023-тата ќе излезе од печат. Таа е љубовна приказна за две девојки наводно хетеросексулци кои со тек на времето преку нивната блискост ќе ја откријат нивната хомосексулност како што имав најавено. Се надевам дека тука кај нас нема да ја дискриминираат таа книга како што сум дискримирана јас затоа што сум болен човек. Барем така направија да се чувствувам. Но нема врска, секој со својот ум… Секако сите мои нови книги ќе одат на платаформата на Амазон, англиски верзии, се разбира. Затоа и побарав интервју бидејќи сакам да ви кажам, јавно да соопштам дека повеќе нема да пишувам книги. Тука кај нас не. Немам читаност тука и искрено залудно си трошам време. Тука нема иднина. Ќе си се посветам на сценаријата и ќе размислувам позитивно за мојата иднина.
За крај твојата порака до читателите на Крајбрежје?
– Крајбрежје е супер блог. Има интересни објави и често им ги читам. Лично за мене, многу сум им благодарна за можноста да се зближам со моите читатели и следечи на мојата официјална страна Simona Nikolova – Writer & Screenwriter.
Тимот од Крајрбрежје на Симона ѝ посакува успеси на приватен и професионален план.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.