Skip to content

Моите бели јорговани – Маја Малиновска

Во утрото моето детство се лулее
Те чекам како чекан патник
И само за час ќе дојдат еднодневните грижи
Ми се чини дека в себе си го носам тој клик
Што го носат молитвениците
И молчам, но зборува мојата разделба со тебе.
Жуборaт малите потоци, утрото и зората си зборат.
Од дамнина носам една неискажана песна
И не можам да го искажам овој набабран порив
Робинка сум на бели росни јорговани
Зошто знам дека на оваа нова пролет постојано ќе им служам.
Копнежот е како бел цвет што цути
Над твојата нечиста крв.
Ме согори но јас повторно дојдов
Да те чекам во утрината кога
Цутат моите јорговани
Како бела крв која го чисти
Пламенот од твоите очи.
Ќе дојдеш ли?