Денес кога рамноденицата ја донесе пролетта, засадив едно тајно дрво
Го напишав твоето име на една жолта фасада со лик на темен копнеж
Дознав дека сé се беше изменило , го изгубив детството, живо согорило во твоите очи
Запалив цигара со шолја кафе без ниеден збор, без ниту една молитва
Нема сум пред сонцето кое на пола се сечи, часовите кои следат нѐ ѕвонат како ноќ
Украдено време се од нашите спомени кои ни се смеат во очи и нѐ држат за рака
Нѐ облетуваат во круг, нѐ соголуваат до срж.
Ти спиеш, спиеш без да ми се насмееш
А јас немам сон, немам ни час, бар на миг да те посонувам, бар да ти пријдам, да те разбудам.
Маја Малиновска
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.