Skip to content

Крајбрежје слави десетгодишен јубилеј

Крајбрежје е десет години присутен со сите вас, љубители на писмото, културата, пријателствувањето. Некои од вас го открија многу порано, а некои го откриваа подоцна, но сите му останавте верни до денеска. Постoјат луѓе што допрва ќе дознаваат за нашето заедничко Крајбрежје. Онлајн заедница со која се испиени многу кафиња покрај компјутерите, напишани се многу литературни дела. Овде не застануваме, продолжуваме понатаму. Најпрво беше замислен како блог во кој ќе ги објавувам сопствените дела и ставови за да сега прерасне во катче каде секој можеше да си го каже сопствениот став.

Низ годините одговорноста растеше, а првичната замисла замина во сосема друг правец. Најпрво бев сама, а потоа ми се придружија и останатите година по година. Со целиот тим горди сме на самото постоење на блогот. Ние сме оригинални, иновативни и со целосна слобода можеме да кажеме дека Крајбрежје е еден од првите блогови кои се посветени на објавување содржини како нашите. После овие изминати десет години ние пак ќе бидиме тука со вас со малку видоизменет стил. Иако нема да објавуваме статии секојдневно се одлучивме да објавуваме неколку статии неделно ама навистина корисни за сите.

Продолжуваме понатаму со нашата мисија која е многу поголема од пиење кафе пред компјутер. Сакаме да го пополниме онлајн просторот со едукативана и корисна содржина. Во нашето катче нема простор за политика и рекла-казала информации. Во нашето катче нема партии, поделби и лоши коментари. Наша главна цел е негување на книжевната култура, доближување на поезијата до сите посетители, споделување забавна содржина и за најмалите.

Постојат многу можности што се разгледувани, за сите промени нашите читатели најпрво ќе бидат известени. Неке е честита првата декада постоење на Крајбрежје. Првиот јубилеј го дочекавме, за уште мнгоу други јубилеи. Среќна 10-ка!