Skip to content

Рани кои ќе ги залечи времето – Викторија Стојовска

Помина време…веќе ги немаше нивните безсмислени повици во 3 часот наутро, останаа во минатото. И времето кое го минуваа заедно и дел од нивното постоење исто така. И моментите кога трепереше од возбуда бидејќи требаше да се види со него.

Мирисот на дуксерот негов сè уште ја печеше во ноздирите, и колку и да минуваше време, една работа остана непроменета…Тоа беа нејзините чувства кон него.. Немаше ден тој да не заземе дел од нејзините мисли. Немаше ден таа да не го посака повторно во нејзина близина. Можеби на моменти осамена, во текот на ноќите мислеше дека го заборава, но на крајот од денот доколку тој ја побараше, таа повторно како бумеранг во прегратки му се враќаше.

Некогаш со солзи во очите посакуваше барем пријатели да останеа, ако не тоа барем познаници. Сè освен странци на улица со убави сеќавања, а токму тоа и станаа. Како велат тоа од што се плашиш, најбрзо те стигнува, но и покрај се за неа беше површно се во врска со него бидејќи таа го сакаше, а против срцето не се може…

Таа го сакаше тој што одлучи да стане странец за неа…А можеби и така беше најдобро…Можеби времето ќе успее да ја излечи нејзината рана, па ќе останат само спомените од него и убавите моменти за сеќавање, а болката ќе избледе во сивилото со минувањето на времето.