Добив некоја необјаснива желба да го извадам од себе монологот којшто посакувам некогаш да имав сила да го претворам во дијалог. Со тебе. Да ти кажам сè што мислам, сè што ми лежи и тежи на душа. Да ти кажам дека имаше голема среќа. Дека те сакав така како што никогаш нема никоја да те сака.
Знам дека секој човек сака на свој начин. Секој човек сака силно – но на различен начин силно. Знаеш…одвреме – навреме наоѓам свое скривалиште, крадам парче мир… и заплакувам. Плачам како дете, липам тивко за никој да не ме чуе. Солзите ги бришам со ракавот, една по една, да не оставаат траги, но постојано нови надоаѓаат. А… каде е девојката со крената глава? Ја нема веќе. А каде отиде среќата? Ја снема и неа – нема ни трага, ни глас.
Не ѝ припаѓа веќе на девојкава, можеби веќе не ја заслужува!? А… која всушност е девојкава? Тоа сум јас, без маската која толку добро ми стои. Без насмевка останав овојпат, со емотивната нестабилност и влажни очи. Тоа ми е вистинското лице. Солзите ми се слаба страна. Позади маската. Ете тоа сум јас.
Повторно, полека, со крената глава и одмерен од чекорам по мостот на желбите. На мостот на желбите.
Се прашувам колку ли само љубовни приказни крие?
Колку ли само солзи по него се слеале? Колку скршени срца таму останале? Таму на мостот на желбите каде со катанец ја заклучивме нашата љубов,се сеќаваш? Денес ја оставам. Ја напуштам. Денес ја оставам и душава да плаче по тебе. Ја оставам на мостов и душата и љубовта. Љубовта наша нека биде најубава, најсилна и најтажна, помеѓу сите други!
Ги затворив очите и посакав, посакав само да си среќен и доволно ми е! Таму на мостот на желбите! Те посакав тебе, ти си моја желба неостварена!. Жар што тлее во мене. Живее, не згаснува, не се убива, ама морам да го оставам! Го оставам и срцето, оставам таму сè уште да ми живее душата. На мостот на желбите нека биде нејзиното вечно почивалиште. Нека си го најде мирот на местото каде срцево го заклучив со катанец.
Нека се ослободи,нека не живее заробена мојата душа во мене! Нека допатува на мостот на желбите! Таму каде сè уште мојата љубов за тебе ќе живее! Ако некогаш се сетиш на мене по добро памти ме! Сеќавај се кога те оставав со солзи, а ти трчав во прегратки со насмевки. Памти ме по чекорите кои ги броев за што побрзо да стигнам до тебе. Дочекај ги со друга минутите кои јас ги преколнував да траат подолго секогаш кога мораше да заминеш. Ако се сеќаваш на мене, пред спиење само затвори ги очите. Ако го посакуваш тоа со цело срце сонувај ме и оживеј ги сеќавањата!
Ако спомените не избледуваат, обои ги во црвено. Обнови ги. Нека заживеат. Ако некогаш почувствуваш како ти се крши срцето, парчињата од него сочувај ги и однеси ги на мостот на желбите. Во водата фрли ги, да се сплотат со моето срце,да ја оживеат мојата душа. И памти ме. Како нешто најубаво раскажувај ме! Ако некогаш посакаш, дојди на мостот на желбите и оживеј ме!
Ти ме уби, само ти можеш да ми направиш РЕИНКАРНАЦИЈА!
Љубителка на пишаниот збор,сонувач,верен пријател на кафето и книгите.