Звонимир Балог (Св. Петар Чврстец кај Крижевци, 30 мај 1932 — Загреб, 2 ноември 2014 год.) е зачетник на современата хрватска детска поезија и најнаградуваниот хрватски писател за деца.
Поет
Поетот работи со поглед
понекогаш го продолжува
со двоглед,
па го фрла како јадица.
Сега фати една птица,
а сега цела улица.
Кога оди, чекори смета
Честопати му се
и дланките влажни
и мислата
му лета.
Сличен е
на планински цвет.
Поетот има
најголемо срце
на сиот свет.
Препев: Иван Џепароски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.