Девојко, крени ја главата високо. Зарем не си ја знаеш твојата вредност? Исправи се и чекори цврсто онака како што секогаш правеше. Не паѓај премногу си силна. Секоја солза што ти потекла бидејќи ти го кршеле срцето, секој збор што те повредил ќе им се врати ним. Остави ја кармата ќе си го направи своето кога тогаш ќе им врати. Ти давај ја својата добрина и љубов онаму каде што ја заслужиле.
Тргни се од негативните луѓе. Во што се претвори девојко, ни ти не можеш да се препознаеш во огледалото. Размисли. Зарем вредно е да се бориш за некој на кој не му е важно дали си тука или не? Зарем ќе молиш за малку внимание, а си заслужила многу повеќе од тоа? Зарем ќе жртвуваш цел месец неспиени ноќи и солзи за една ноќ помината со насмевка? Не му значиш ништо девојко ти нему, немаш вредност во неговите очи без разлика колку пати безусловно си му го покажала спротивното.
Не е тој слеп што не го гледа тоа, навикнат е тој така, само тоа го знае, но ти што е со тебе девојко? Преку ноќ ослепе? Ќе се тркалаш по подот молеќи го за трошка нежност, внимание и љубов? Немој не се уништувај. Тој го живее својот живот, почни и ти да го живееш твојот зарем не мислиш дека предолго си го ставила на пауза?
Љубителка на пишаниот збор,сонувач,верен пријател на кафето и книгите.