Skip to content

Заграда – Ежен Гилвик

Ежен Гилвик (5 август 1907 – 19 март 1997) е еден од најважните француски поети од втората половина од 20 век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик (фран. “Guillevic“).

Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизичкиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите.

Во 1976 година Гилвик ја добива Големата Поетска награда на Француската Академија а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Добитник е и на Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата

Можеби светот умрел

Одеднаш,

И се се превртело во една друга светлина

Што прилега во голема мерка

На онаа од порано.

 

Останува еден призрак

Од ѕидови и карпи

Низ кои одиш без историја.

Освен ако некој човек не дојде

И не се насмевне минувајќи.

Напишете коментар