Skip to content

На Индија – Маја Малиновска

Ведите ја очаараа твојата душа со душа и просперитетна надеж

Доби добра карма од здивот на Хималаите и пената на океанот

Чакрата на триколоритот се движи до највисоката свест во универзумот

Двојство  во вистина, самоспонзавање и објава

Да го прекине кармичкиот циклус и достигне нирвана

Да се откнине од космичкиот ред и да те постави во ѕвездите

Каде само ти припаѓаш!

Еве,  таму си лебдиш и сјаеш со мудроста на Сирја, те носи ѕвездена кочија

На распнат Томов крст,

Зелена месечина ја пресекува твојата судбина

А, ти дишеш со стиховите на Тагоре како девојка која својот љубен го чека

Љубениот Ганди, твојот татко духовен водач за довека.

Ти која земја си без трошка страв и медитираш во молитви со кренато чело

Се судри со тигарот во Бенгал

За гордо Индира да го крене знамето на слободата во виорот на небесата цело.

Смири го светот ти вечна земјо нека заспие во твојата медитација

Нека го најде мирот во твоите реки

Инд и Тигар, основите на нашата цивилизација!

Напишете коментар