Skip to content

Вечерва свети од вселената ретрограден Меркур

Вечерва свети од вселената ретрограден Меркур кој лоши не носи вести

Знам, ќе станам рано наутро за да го чујам твојот глас

Ќе погледам во градината полна сончогледи и ќе заспивам во солзи од спас,

Утрата ноќи ќе бидат полни сонца од сончогледи цветни

Зимите што доаѓаат, солзни ќе станат магливи времиња летни,

Сланата ќе ја косам со месечев срп наоштрен со љубовни лаги

А ти повторно ќе се појавиш од сенките на есенските виногради ,

Вино ќе ми дариш, и две обетки златни, како спарени самовили слатки

Ќе се крене сланата и ќе заборавам на љубовните лаги

Твојот миловит глас смртно ќе ме рани.

Е тогаш, Ерос соништата мои ќе ги стави во изгорлив пламен

За да изгорам пред твојот од сигурен и стамен.

Никој нема да може мразој да донесе од северни осеки и плими

За да ги замрзне соништата мои полни твои слики

Низ долини, планини и мориња сини ќе ме носиш со себе

Се дури не пролеам солзи смртни за тебе.

Напишете коментар