Почнуваме да ја пишуваме голи и боси
уште со првиот плач невин,
па сè до последниот здив тежок и олеснувачки
кога ја ставаме последната точка на белата хартија.
Црни и бели букви по редослед,
некогаш во хаотичен ред,
а честопати хармонично распоредени,
секогаш полни со емоции,
илјадници спомени и креации
зборови и реченици на лист подредени.
Книгата на животот е како библија,
за сите нас е света,
ја обликуваме како артефакт
чекор по чекор, ден по ден,
година по година, лета по лета,
запирка, по запирка, па точка по точка.
Нема две исти книги на животот,
ниту два исти ракописи,
ниту две исти судбини,
ниту две исти библии
ниту две исти почетоци
ниту два исти краеви.
Има само пишување без откажување,
има чкрткање, боење, пречкртување,
има бришење, пребришување, допишување,
но никогаш не го испуштаме моливот
тој нè води низ авантурата,
сè до последната страница.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.