Skip to content

Кармен – Теофил Готје

  • by

Денес ја споделуваме песната „Кармен“ од францускиот поет Теофил Готје. Теофил Готје, француски поет кој живеел во 19 век, бил поет – претставник на романтизмот, но се оддалечил од ова литературно движење за да се заинтересира и основа ново литературно движење наречено „уметност заради уметност“. Во 1857 година ја објавил збирката „Глазури и камеи“ (во којашто ја објавува песната „Кармен“). Оваа песна е инспирирана од новелата „Кармен“ од Проспер Мериме. Покрај оваа песна, оваа новела била и инспирација за познатата опера со музика на Жорж Бизе „Кармен“.

Во својот текст, поетот прво ја обвинува, а потоа ја фали Кармен за нејзината сензуалност. Теофил Готје, менувајќи ја очигледната вина, која Кармен ја има како сензуална и фатална жена пред која паѓаат и археипископите на колена, во големо восхитување и пофалба, со прискриен хумор ги поткопува романтичните клишеа и конзервативните ставови за жените.

Кармен – Теофил Готје

Кармен е стројна мома – со темни подочници

Под нејзините цигански очи

Косата нејна е злокобно црна

Кожата пак нејна, ѓаволот ја обоил со к’на.

 

Грда е викаат за неа сите жени

Но сите мажи се луди по неа,

И архипиескопот на Толедо таа го плени

Ја пее мисата, клекнат на колено пред неа.

 

Зошто од  нејзинaта темно – ќилибарска шија

Се извртила огромна пунџа

Која, отплетена, во блиската ниша

Го покрива нејното слатко тело.

 

И, од бледилото се распрснува

Победничка смеа од усната нејна

Како пурпурно црвено скарлетно цвеќе испукнува

Од пурпурната крв од срцето слејна.

 

Така е создадена оваа Маварка

Да ги засени сите убавици благородни

И од нејзините очи топлиот сјај

Да ги засити пламените живородни.

 

Таа има, во нејзината грдосија страсна,

Зрно сол од морската шир

Од каде извира, голa и жeшка,

Острата Венера од горчливата вир.

Напишете коментар