Skip to content

Капините на Свети Наум – Стелиос Саривасилис

Стелиос Саривасилис е современ грчки поет роден во Серез, Грција во 1948 година. Има издадено четири стихозбирки и една антологија со преведени песни. Некои од неговите песни се преведувани на македонски јазик и повеќе песни се вкчучени во повеќе балкански антологии, рамноправно со повеќе истакнати балкански поети,

Капините на Свети Наум

Мовлеста капино на Свети Наум

со есенска свежина во својот плод,

сред твоето трње гроздоберачот чепка,

а твојот див плод сладострасен

Билјанин младешки бакнеж.

Твоето шумолење

на тивкото ветре,

прошопотената песна,

на јавачот му го открадна умот.

Рајско место,

прозорец во сонот,

легенди,

извори длабоки сенковити

и ти мовлеста капино

росна ле капино

в самовилско гнездо сред езеро.

Напишете коментар