Во оваа (раз)мисла или обид за современ одговор на прашањето дали убавината ќе го спаси светот (поставено во едно дело на Ф. Достоевски), поетот, книжевниот критичар и есеист, Јовица Тасевски-Етернијан го опишува неговиот став на темата. Прочитајте го во продолжение.
„Посветувањето внимание на уметноста на зборот или на некоја друга уметност, или, пак, сосредоточеноста на нешто што самото по себе се одликува и восхитува со својата убавина, не е само оддишка од тегобноста на секојдневието или привремено бегство од приклештеноста на технизираниот ритам на животот, туку е посегнување по една можна „сламка на спасот“ од страна на самосвесниот човек кој се обидува да ги сочува во длабочините на своето битие малкуте чисти капки духовна светлина што останале недопрени од мочуришното опкружување чија недогледност згрозува и го загрозува опстојувањето на човештината, непрекинато го подрива човекувањето и постапно ја разнебитува суштината на човештвото“. – Јовица Тасевски-Етернијан
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.