Во средниот век, уметниците, особено вајарите и сликарите, се сметале за занаетчии и биле рамо до рамо со ѕидарите и столарите. Наместо да работат сами работеле во големи тимови. Биле ценети според нивната вештина, а не според талентот и креативноста. Како занаетчии, нивниот социјален статус бил сличен како на другите квалификувани работници. Ретко постигнувале статус на славна и ценета личност како уметниците денес. Уметничките дела биле нарачувани од богати луѓе, па се очекувало уметниците да ги следат нивните наредби, наместо својата креативност. Креативноста не била ниту очекувана, ниту ценета.
Работите почнувале да се менуваат во ренесансата. Со повторно откривање на класичната уметност и новите техники, како маслените бои, вредноста на уметничката иновација и креативноста се зголемила. Уметниците почнале да веруваат дека нивната професија заслужува повисок статус бидејќи вклучувала интелектуална работа, а не обична, мануална вештина. Уметниците во ренесансата морале да знаат математика и геометрија. Изучувале анатомија, класична култура, теологија и филозофија. Сето тоа придонело до идејата дека сликарството, вајарството и архитектурата требало да се сметаат како слободна уметност, а не како занает.
Ова признание довело до нова благородност на уметничкото творештво. Богатите луѓе почнале да бараат уметници токму поради нивниот уникатен стил и пристап. Во 1568 година Џорџо Вазари го објавил делото „Животот на сликарите“. Во оваа книга Базари гарантирал дека уметниците ќе ја живеат својата слава. Ваквата благодарност кон уметниците целосно се манифестирала во Втората ренесанса. Ѕвездите како Микеланџело и Да Винчи биле третирани како папата и кралевите.
Уметниците си придавале важност и самите на себеси преку сликање на свои автопортрети. Во својот автопортрет, Алберт Дирер се прикажува себеси како господин. Облечен е во убава облека и скапи ракавици од кожа. На сликата се отсликани самопочитта и гордоста, а преку тоа се одразува променетиот статус на уметникот.
Славата, генијалноста и креативноста се клучни компоненти на модерната дефиницја за уметност. Сето тоа започнало преку самооткривањето на уметниците во ренесансата.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.