Skip to content

Мачор на клима – Лина Димоска

Тане во дворот си стои
последни летни денови брои,
чека есента да дојде,
па крај пампурот да појде.

Но нешто чудно се случи,
во дневната силно бучи,
машина голема, бела,
ќе бучела така и зимата цела.

Воздух топол машината пушта,
на Тане полека му доаѓа душа,
модерен мачор тој ќе биде
цел студ под клима ќе го мине.
Нема веќе страв од зима,
Тане стана мачор на клима.

Напишете коментар